Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер инсистира дека оценките за неговата кариерата треба да се направат за неколку години.
„Црвените ѓаволи“ го направија Мегваер најскапиот дефанзивец, купувајќи го за 80 милиони фунти, но тимот го има својот најлош старт на сезона во последниве 30 години и притисокот врз Мегваер се зголемува. Сепак, тој останува смирен.
-Важно е што ќе се случи на долг рок. Треба да ми се суди за 5 или 6 години. Тогаш ќе биде јасно дали мојот период во тимот бил успешен. Силно верувам дека овие тешкотии ќе бидат заборавени тогаш и ќе имаме многу убави периоди заедно. Треба да продолжиме да се подобруваме како тим, што ќе биде клучно за промена на резултатите, вели репрезентативецот на Англија.
Тој додаде и дека не е загрижен за парите што беа дадени за неговите услуги од страна на тимот од „Олд Трафорд“.
– На крајот на краиштата, Манчестер Јунајтед имаше договор со Лестер и тоа веројатно беше добар договор за сите. Сега само размислувам за мојот фудбал, изјави Магуиер.