Милан направил обиди да ја врати својата легенда Карло Анчелоти на тренерското место.

Ова се случило во 2017 година, кога италијанскиот стратег беше во Баерн (Минхен), но есента беше ослободен.

– Размислувавме за Анчелоти и имаше разговори, откри Масимилијано Мирабели, тогашниот спортски директор на „росонерите“.

Потоа во Милано се решија за Џенаро Гатузо, кој го замени Винченцо Монтела.

Инаку, клубот од „Сан Сиро“ имал и сериозен интерес за напаѓачот Хозе Кејхон од Наполи.

Мирабели исто така додаде дека ниту еден италијански тим не изразил интерес за Џанлуиџи Донарума.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2019 22:45