Играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан призна дека не е задоволен од времето поминато на терен од почетокот на оваа сезона. Германскиот репрезентативец ја загуби позицијата востартните 11 уште од доаѓањето на новиот ментор Маурисио Сари, а проблем е и огромната конкуренција што „бјанконерите“ ја имаат на средината на теренот.
-Не сум задоволен од она што се случува во моментов. Не играм доволно. Минатата сезона играв многу, особено на важни мечеви. Играв добро на тие натпревари. Оваа сезона, јас не добивам шанса, изјави Џан за медиумите во Германија по вчерашнотореми на „панцирите“ со Аргентина во контролна средба.
Германецот верува дека кога ќе се врати во Торино по дуелите за националните тимови, тој повторно ќе добие шанса.
– Благодарен сум на Јоаким Лев, затоа што не играв многу во Јувентус, но тој сепак ми се јави. Тој ми даде шанса и јас сум среќен што играв, додаде централниот играч за врска.