Капитенот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Јани Атанасов по победата на гостувањето кај Црна Гора во Подгорица со 2:1, во која ги постигна и двата гола изјави дека најважно е дека тимот одиграл храбро и дека ја сакал победата.

– Како капитен на репрезентацијата сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи за победата вечерва против Црна Гора. Навистина одигравме храбар натпревар и среќни сме што успеавме да го свртиме резултатот во наша корист. Дадов два гола, но за мене тоа не е толку важно. Битно е дека како тим бевме подготвени, ја сакавме победата и мора да продолжиме во истиот правец. Се надевам дека ќе растеме во секој поглед на следните дуели од квалификациите, изјави Јани Атанасов.

Тимот на Северна Македонија до 21 година на 15. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го пречекува Казахстан во третиот круг од нашата квалификациска група.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2019 22:55