Ситуацијата од почетокот на сезоната во Манчестер Јунајтед не е добра и тимските шефови се подготвени да сторат се за да го вратат тимот во борбата за титулата во Англија.
Почетокот ќе биде поставен во јануари, кога екипата сигурно ќе се засили со централен напаѓач. „Црвените ѓаволи“ имаат освоено само два натпревари од почетокот на сезоната и се само на два бода од зоната за испаѓање.
Сепак, менаџерот Оле Гунар Солскјер останува на чело на тимот засега и ја има довербата на газдите на Јунајтед.
Според „Телеграф“, раководните фактори на клубот се подготвени да му обезбедат на менаџерот осум нови пополнувања до летото 2021 година – четири во секој од двата летни трансфер прозори што можат да го подигнат тимот на патот кон освојување на пехарот.
Планот мора да биде завршен во 2021 година, кога екипата ќе биде целосно обновена и подготвена да се бори за трофеи.