Англија го претрпе својот прв пораз во последните 10 години во квалификациите за пласман на Светско или Европско првенство. „Трите лава“ загубија од Чешката Република со 1:2 во Прага во дуел за пласман на ЕП 2020.

На овој начин, Островјаните ставија крај на серијата од 43 меча по ред без пораз – 34 победи и 9 реми. За последно, Англија забележа квалификациски пораз на 10 октомври 2009 година, кога беше поразена од Украина со 0-1 во квалификациите за Светското првенство во 2010 година.

И покрај поразот, Англија останува на врвот на групата А, а нивниот следен натпревар ќе биде против Бугарија на 14 октомври во Софија со почеток во 20:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2019 11:30