Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага изрази желба да се врати во Атлетик Билбао. Тој стана играч на Челзи на 8 август 2018 година. Сините за Шпанецот платија рекордна сума – 80 милиони евра.

– Дефинитивно би сакал да се вратам во Атлетик. Кога ќе се случи тоа? – Сè уште не знам, изјави 25-годишниот голман.

Едно време, весниците пишуваа многу за мој трансфер во Реал Мадрид. Толку многу се шпекулираше за тоа, што баба ми почесто ме гледаше на медиумите отколку во живо. Но, не можев да се замислам во друг клуб и го продолжив договорот. Конечно, при мојата последна анализа, јас сепак го напуштив Атлетик, но идејата да се вратам во Билбао не ме остава, додаде Кепа.

Во својата кариера, Кепа има настапувано и за Басконија, Понферадина и Ваљадолид. Од 2017 година е член на шпанската репрезентација.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2019 15:20