Десниот бек Стефан Ристовски на пресот пред дуелот со Полска во квалификациите за ЕП 2020 смета дека домаќинот не е многу поквалитеттен од нашата репрезентација и дека вечерва може даочекуваме уште еден историски натпревар за македонскиот фудбал.

– Македонија е тука каде што е. Свесно или несвесно се доведовме во една ваква ситуација. Полска има сериозен кадар, но не видов искрено дека квалитативно се којнае колку разлика од нас. На овој прекрасен стадион ќе одиграат добро, ќе одиграме и ние. Свесни сме, но можеби и не сме за ситуацијата дека се бориме за ЕП. Мораме да влеземе со ладни глави и психички сме каде што треба да бидеме. Зошто утре да не биде уште еден историски натпревар за нас?, смета бекот на Спортинг Лисабон.

Тој смета дека „црвено-жолтите“ уште подобро ќе се чувствуваат играјќи пред толку публика.

– Ако сакаме на Европско првенство, мора да се навикнеме на ваква атмосфера, мора таа да е секојдневие, како што се подготвува да биде тука во Варшавa, рече Ристовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2019 11:20