Квалификациите за ЕП 2020 продолжуваат и денес со нови возбудливи натпревар од групите Ц, Е, Г и И.

За нас е најважна групата „Г“, каде Полска ја пречекува Северна Македонија. „Црвено-жолтите“ ќе се обидат да не си заминат со празни раце за да останат во битката за второто место, кое што моментно го окупира Австрија. Словенија, исто така, има шанса и нивниот дуел со Австрија се очекува да биде крајно неизвесен.

Вниманието го привлекува и натпреварот во Кардиф меѓу Велс и Хрватска во групата „Е“. „Змејовите“ се во тешка ситуација откако се на четвртото место со 7 поени и меч помалку од нивните противници, додека нивниот противник е лидер со 13 и самоуверено чекори кон завршницата на ЕП.

Во групата „И“, првото место веќе е решено и тоа е окупирано од Белгија, па така останува борбата за втората позиција. На Русија и треба само бод против Кипар како гостин за да си обезбеди пласман.

Денешни дуели:

Од 15,00 часот

Казахстан – Белгија

Од 18,00 часот

Белорусија – Холандија Унгарија – Азербејџан Кипар – Русија Шкотска – Сан Марино

Од 20,45 часот

Естонија – Германија Велс – Хрватска Полска – Северна Македонија Словенија – Австрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2019 11:58