Втор пат во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020, репрезентацијата на Полска ја совлада македонската селекција, овој пат во Варшава со 2:0.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски издржаа едно полувреме, но во второто потклекнаа под налетите на домаќините кои заслужено ги освоија трите бода.

Стрелци на головите беа Франковски во 74. и Милик во 80. минута.

Со оваа победа Полска избори пласман на ЕУРО 2020.

На другиот дуел од 8.коло од Г-групата одигран вечерва, Словенија на домашен терен загуби од Австрија со 1:0.

Табела: 1.Полска 19 бода

2.Австрија 16

3.Македонија 11

4.Словенија 11

5.Израел 8 (натпревар помалку)

6.Летонија 0 (натпревар помалку).



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2019 00:40