Напаѓачот на Англија, Рахим Стерлинг, по победата над бугарскиот тим (6:0) синоќа во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020, го коментираше расистичкото однесување на навивачите на стадионот.
- Сочувствувам со Бугарија што беше претставувана од вакви идиоти на стадионот, напиша Стерлинг на Твитер.
Во секој случај, 6:0 и летаме дома. Ние ја завршивме нашата работа. Добар пат за нашите навивачи, тие беа добри, додаде Стерлинг.
Средбата во Софија, беше прекинувана двапати, а навивачите замолени да прекинат со расистичките навреди.