Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ги негираше гласините дека во зима „старата дама“ ќе се обиде да го донесе играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ.

Тој истакна дека нема да има големи трансфери во зимскиот преоден рок.

– Нашиот тим е целосно комплетиран. Сметаме дека со овој состав можеме да станеме еден од најдобрите екипи во Европа. Задоволни од сите наши играчи, изјави Паратичи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 14:08