Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел смета дека Нејмар требало да се подготви за критики од навивачите на парискиот клуб, затоа што сакаше да замине за Барселона минатото лето.

Тухел исто така истакна дека Бразилецот е многу добра личност која не посакува зло никому.

– Понекогаш е тешко да разберете дека пред вас е добра личност која ја гледате само на терен. Тој е добар човек. Фановите само го изразија своето мислење. И нив можам да ги разберам. Ова е нивно право на изразување. Тие се горди на својот клуб, непријатно им е да слушаат дека играчот со недели зборува за желбата да си замине. Му реков на Нејмар дека во животот понекогаш мора да се соочи со суровата вистина и последици, изјави Тухел.

Нејмар во 2017 година дојде во ПСЖ токму од Барселоан за рекордни 222 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 14:42