Историско прво гостување по 29 години имаше фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, кај својот северен сосед Северна Кореја, а натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2022, заврши 0-0.

Поради страв од можен пораз од земјата која ја сметаат за непријател, било забрането да има публика на трибините на стадионот со капацитет од 50.000 седишта. Но, во ложата беше претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, Џани Инфантино.

Освен тоа што немаше публика, немаше ниту телевизиски или интернет пренос. Гостите не добиле ниту ДВД снимка од натпреварот. Се знае само дека натпреварот завршил без голови, дека имало по два жолти картона на двете страни, а фотографиите кои се појавија, се од луѓе од делегацијата на Јужна Кореја. Иако главните градови на двете земји се блиску, гостите кај својот сосед дошле преку Кина. Летале прво од Сеул до Пекинг, а откако добиле дозвола, од Пекинг заминале за Пјонгјанг.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 23:55