Репрезентацијата на Финска беше подобра од Ерменија со 3:0 во квалификациски меч за Европското првенство во фудбал кое ќе се одржи следната година, и направи голем чекор кон пласман на шампионатот.
Јенсен даде гол во првото полувреме, а финската ѕвезда, Пуки, беше двоен стрелец во второто полувреме и речиси ги отпиша Ерменците од битка за место на ЕП.
Сега во групата Ј, води Италија со максимални 21 бода, Финска има 15, Ерменија 10, а БиХ истотака има 10 бода, но од седум меча. Со евентуална победа вечерва на гостубвањето кај Грција, Босанците ќе дојдат на два бода заостанување зад Финска, на две кола до крајот.