Паоло Малдини како играч на Милан освои вкупно пет трофеи во Купот на европските шампиони и Лигата на шампионите во фудбал, но вели дека тоа не се памети, туку сите го паметат само поразот на Милан во истанбулското финале од Ливерпул.

Во незаборавното финале во 2005 година, Милан на полувреме водеше со 3:0, првиот гол го постигна Малдини, кој ретко постигнуваше погодоци, но англискиот тим во второто полувреме изедначи на 3:3, и на крај ја освои титулата по подобро изведување на пенали.

„Играв осум финалиња, освоив пет трофеи, но никој не се сеќава на финалето на пример од 2007 година, дури и јас не паметам детали, освен голот на Инѕаги. Три дена подоцна имав операција и кога се освестував прашував дали сме победиле или загубиле, А, сите знаат за финалето во Истанбул.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 09:42