Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, сигурно ќе го пропушти неделното дерби со Ливерпул, поради повредата што ја претрпе за време на натпреварот меѓу Шведска и Шпанија.
Според „Сан“, големите стравувања во таборот на „црвените ѓаволи“ се дека повредата би можела да го извади Шпанецот одигра за два месеци. Ќе има појасна идеја за комплексноста на повредата откако Де Хеа ќе помине дополнителни прегледи. Во оваа ситуација, Оле Гунар Солскјер ќе треба да се потпира на Серхио Ромеро некое време.
За скоро осум и пол години во Јунајтед, Де Хеа пропушти само шест натпревари како резултат на повреда или болест.
Добра вест за Солскјер е дека Ентони Марсијал, Пол Погба, Арон Ван-Бисака, Лук Шоу и Џеси Лингард веројатно ќе бидат на располагање на Норвежанецот за неделното дерби.