Италијанската легенда Андреа Пирло му честиташе на Баерн Минхен за одлуката да го ангажира офанзивниот играч за врска на Барселона, Филипе Кутињо.

– На Баерн му беше потребен токму тој вид фудбалер како Кутињо. Особено по заминувањето на Франк Рибери и одбивањето на Ариен Робен да игра фудбал. Ги гледав натпреварите на Филипе во дресот на Баерн, тој се вклопи во тим кој е прилично силен веќе. Но, со Кутињо, тимот стана уште посилен. Не можам да кажам кој е нивниот најдобар играч затоа што имаат навистина многу такви. Но, сепак ќе се фокусирам на Филипе Кутињо и Роберт Левандовски, изјави легендата.

Тимот од Минхен има опција трајно да го купи Кутињо на крајот на сезоната за 120 милиони евра. Се верува дека раководството на Барселона сака да се ослободи од Бразилецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2019 23:20