Италијанскиот Апелационен суд ја намали казната на тренерот на Рома, Пауло Фонсека од два меча на еден, пишува на официјалниот „Твитер“ профил на тимот.
Така, Португалецот ќе го пропушти само следниот натпревар од италијанскиот шампионат против Сампдорија, што ќе се одржи на 20 октомври. Една недела подоцна во Серија „А“, против Милан тој ќе може да се врати на клупата.
Претходно, стратегот беше дисквалификуван за спор со арбитарот во натпреварот со Каљари (1:1). Средбата Рома – Милан ќе се одржи на 27 октомври.