Турнирскиот комитет при Ла Лига ја отфрли можноста за промена на локацијата на претстојното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Ова го потврди шпанското радио „КОПЕ“.
Телото, кое арбитрира помеѓу Ла Лига и федерацијата, е независно во слични дејства за шпанскиот фудбал и донесе одлука мечот да не се преместува.
Предлогот, сепак, дојде од шпанската фудбалска лига, бидејќи ситуацијата во Барселона е нестабилна во последниве денови. Натпреварот е закажан за 26-ти октомври, а во главниот град на Каталонија има судири меѓу полицијата и демонстрантите.
На тој начин, останува опцијата дуелот да биде презакажан за 18 декември.