Напаѓачот на Пари Сен Жермен – Килијан Мбапе е подготвен да игра и ќе му биде на располагање на тренерот – Томас Тухел за средбата со Ница вечерва.

Дваесет-годишниот фудбалер ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Франција со Исланд и Турција поради болки во бедрото, но сега е целосно подготвен за игра.

Ова е една од ретките добри вести за Тухел, меѓутоа, тој нема да може да користи неколку други повредени играчи, меѓу кои и Нејмар, кој ќе биде отсутен во наредните четири седмици.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2019 12:30