Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се шегува дека Манчестер Јунајтед е единствената екипа што во моментов сака да се справи со „црвените“. Германецот ова го кажа како одговор на изјавата на Оле Гунар Солскјер претходно денес дека Ливерпул во моментов е совршен ривал за „црвените ѓаволи“.

– Тие велат дека ние сме најсовршениот противник, што можат да го имаат во моментов. Мислам дека нема многу екипи кои сакаат да играат против нас сега. Се чини дека Манчестер Јунајтед е единствениот. Колку ми се допаѓаат овие натпревари? Многу! Повеќе би сакал да се подготвувам за овој натпревар цела недела, но тоа не можеше да се стори заради репрезентациите. Но, и за двата тима е исто. Јас ги сакам тие натпревари, рече Германецот.

На прашањето дали може да му даде совет на својот колега Оле Гунар Солскјер, Клоп одговори: „Јас немам претстава каква е неговата ситуација. Не е важно што пишувате вие. Она што е важно е што вели бордот. Јас немам мислење. Посакувам секој менаџер да има доволно време. По првите мои 29 натпревари овде, немаше консензус дека сум 100% вистинската личност за Ливерпул“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2019 22:52