Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип потпиша нов договор со клубот и сега овој камерунски фудбалер е обврзан да игра за „црвените“ до 30 јуни 2024 година.

Матип, кој има 28 години, сезонава даде два гола за актуелниот европски првак. Во Ливерпул дојде од Шалке во 2016 година. Одигра 107 меча за англискиот тим и во тандем со Ван Дајк го сочинуваат одбранбениот бедем пред голот.

– Кога гледате однадвор, знаете дека Ливерпул е голем клуб. Но, кога сте внатре во клубот, навистина ја сфаќате големината. Клубот има навивачи низ целиот свет. Секој фудбалер би сакал да игра за ваков клуб, изјави Матип кој закрепна од повредата и в недела би требало да биде во почетниот состав на гостувањето кај ривалот Манчестер јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2019 23:12