УЕФА одлучи дека фудбалската репрезентација на Косово доколку се пласира на Европското првенство нема да може да биде во група со Србија, Русија или БиХ.

Косово може да се најде на ЕП ако го освои второто место во својата квалификациска група или преку плејофот во Лига Д од Лигата на нации, каде за ривал ќе ја има и македонската репрезентација. Причините се политички и од безбедносен карактер. И Русите, како и Србите, не ја признаваат независноста на Косово.

Русија веќе е сигурен учесник на ЕП и во првата фаза ќе игра на свој терен во Санкт Петербург. Освен против Косово, Русија и руските клубови веќе пет години не смеат да се паднат ниту со клубови од Украина или репрезентацијата на таа земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2019 23:14