Англискиот фудбалски премиерлига, Евертон, би сакал да го ангажира италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри.

Доколку клубот од Ливерпул се раздели со Марко Силва, веднаш ќе стапи во контакт со 52-годишниот Алегри, кој се прослави како тренер на Милан и особено Јувентус. И на Алегри му се допаѓала идејата да ги води „карамелите“.

На Евертон сезонава не му оди како што посакуваа. По осум кола се дури на 18-то место со само 7 бода и катастрофална ефикасност со просек помал од еден гол по натпревар. Денеска Евертон го пречекува Вест Хем, и ако загуби, може лесно да се случи да го разрешат тренерот и да тргнат по Алегри.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2019 11:26