Капитенот на Валенсија, Даниел Парехо, стана само шестиот фудбалер во шпанската лига кој му дал гол на Јан Облак од слободен удар, и првиот гостински фудбалер кој погодил против Атлетико Мадрид од слободен удар на стадионот „Ванда метрополитано“.

Парехо ја почна кариерата во Реал Мадрид, но не се наметна во првиот тим на „кралскиот клуб“ и среќата си ја најде во Валенсија, каде сега ја носи и капитенската лента. Сепак, головите против Атлетико секако му значат, особено како денешниот.

Атлетико и Валенсија одиграа 1:1. „Јорганџиите“ имаат и други проблеми. Им се повреди Жоао Феликс, кој веројатно нема да игра во вторник против Баер Леверкузен, а и неефикасноста треба да го загрижи тренерот Симеоне.

Во девет кола, Атлетико има дадено само осум голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2019 19:04