Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не е задоволен од ремито против лече синоќа на натпреварот од 8. коло на италијанскиот шампионат.

– Милан е должен да победи на вакви игри. Тимот се состои од квалитетни играчи, треба да продолжиме да работите за да постигнеме резултати. Заслуживме да победиме, но дарежливоста и голем број грешки при позициските напади доведоа до тоа да испуштиме два бода. Најважно е што тимот има нов пристап кон играта, изјави Пиоли за италијанските медиуми.

За него средбата со Лече беше прва на тренерската позиција во тимот од Милано.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2019 13:46