Марјанчо Андрески, долгогодишниот капитен на Работнички, кој досега работеше во младинската школа на клубот, а има искуство и како асистент во сениорскиот погон, ја доби довербата на раководството на клубот да го предводи тимот до крајот на сезоната.

Тој доаѓа на местото на Александар Влахо, кој понуди оставка по слабите резултати во првите десет кола.

– Андрески денеска веќе го одработи првиот тренинг со сениорскиот тим, побара од фудбалерите максимално залагање и професионален однос со кој ќе биде надминат овој кризен период, со цел Работнички брзо да се врати на позициите кои ги посакува во македонскиот клупски фудбал, соопшти клубот од Градски парк на својата веб-страница.

Работнички в среда му гостува на Шкупи на Чаир.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2019 14:03