Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, сподели кој тим нема да може да го одбие, доколку биде поканет на тренерското место.

Се работи за германски Баерн (Минхен), каде Холанѓанецот работел како тренер на резервниот тим во 2013-2015 година.

– Ако ме повика Баерн, не исклучувам ништо. Но, јас сум скоро 50 години и немам илузии. Јас сум апсолутно среќен во Ајакс, иако знам дека нема да работам тука 10 години. Ќе дојде денот кога ќе заминам, рече експертот, цитиран од „Кикер“.

На прашањето за неговата работа во германскиот гигант во споменатиот период, Тен Хаг рече: „Главната работа за мене беше шансата да работам во еден ваков голем клуб, дури и во вториот тим. Пеп Гвардиола беше во клубот и уште поважно: Матијас Замер со неговиот стратешки пристап и менталитет. Со тоа што Баерн на Гвардиола покажа доминантен фудбал. Секој играч на теренот знаеше што точно да прави. Тие, исто така, можеа да играат со затворени очи“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2019 21:50