Кристал Палас планира да го привлече напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру, пренесува „Тимталк“. „Орлите“ се подготвени да ја засилат својата офанзивна моќ во јануари кога ќе отвори прозорецот за зимски трансфери.

Палас му нудат на Жиру можност да остане во главниот град на Англија, откако неговата иднина во Челзи се чини неизвесна. Напаѓачот на „сините“ не добива доволно време за игра и улогата на резерва во тимот не му одговара.

Пред само неколку дена, Жиру ги предупреди „сините“ навивачи дека може да биде принуден да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во јануари. Сепак, тој ќе има можност повторно да се натпреварува за лондонски тим по Челзи, откако претходно се натпреваруваше за составот на Арсенал.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2019 21:53