Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос беше многу јасен дека сите во тимот го поддржуваат тренерот Зинедин Зидан.
„Белите“ имаат само 1 бод по своите први два натпревари во Лигата на шампионите, а во вторник гостуваат кај Галатасарај и нивното поминување во следната фаза е под знак прашалник.
– Целата соблекувална е подготвена да умре за Зидан. Мора да покажеме дека веруваме во него и сме обединети како тим. Реал Мадрид секогаш се враќа посилен од порано. Сега во нашите глави е само како да победиме во овој натпревар против Галатасарај. Ние мора да дадеме се од себе и да ги игнорираме критиките и пофалбите, увери дефанзивецот.