Тренерот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини, не ја исклучи можноста Џанлуиџи Буфон и Даниеле Де Роси да учествуваат на ЕП 2020. со голем фудбал.

Менторот не криеше дека е сосема можно да ги покани двајцата ветерани на натпреварите следното лето, за да можат да се збогуваат со големиот фудбал.

– Тоа беше идеја на претседателпт на федерацијата и јас целосно се согласувам со него. Би било супер ако можеме да го сториме тоа. Но, што ќе се случува, дали тоа ќе се случи на европското, ќе видиме, прокоментира Роберто Манчини.

Џиџи Буфон (41) не е поканет во репрезентацијата на Италија од март 2018 година. Тој има 176 натпревари за „Азурите“.

Триесет и шест-годишниот Де Роси е надвор од сметките на селекторот од ноември 2017 година. Тој има 117 дуели во националниот тим и 21 гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2019 22:01