Франс Фудбал ги објави 30 претенденти за освојувач на Златната топка која се доделува за најдобар играч на светот во 2019 година. Минатогодишниот лауреат Лука Модриќ, кој игра за Реал Мадрид, не се најде на списокот.

За прв пат по 26 години, победникот на „Златната топка“ не доби номинација за следната година. Последен пат таков случај беше во 1992 година кога победи Марко ван Бастен, но не беше номиниран во 1993 година.

Трофеј за најдобриот фудбалер на годината се доделува од 1956 години, го освои Англичанецот Стенли Метјус.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2019 10:47