Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, очекува тежок дуел против Олимпијакос во Лигата на шампионите.

– Баерн се обидува да победи на секој натпревар. Исто така знаеме дека ќе играме против многу силен противник, кој беше во можност да го победи Тотенхем. Ова мора да го имаме на ум. Нивните фанови ќе дадат силна поддршка. Ќе биде тежок натпревар, но ние сакаме да го победиме, изјави Ковач.

Натпреварот Олимпијакос – Баерн Минхе се игра вечер во Атина со почеток во 21 часот.

По две кола во Б-групата, Баерн е лидер со 6 бода, Црвена ѕвезда и Олимпијакос имаат по 3, Тотенхем е последен со 1 бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2019 12:48