Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Дортмунд, Марко Ројс и напаѓачот Пако Алкасер нема да играат на натпреварот во Лигата на шампионите против Интер, пренесува „Фудбал Италија“.

Алкасер немаше време да се опорави од повредата на Ахиловата тетива, додека Ројс нема да може да игра поради грип.

Повреден е и дефанзивецот Марсел Шмелцер. Во исто време, голманот Роман Бурки се врати во тимот.

Натпреварот Интер – Борусија е закажан за утревечер од 21 часот во Милано.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2019 14:56