Враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид на крајот веројатно нема да се случи, тврди шпанското издание „АС“.

Неодамна, Португалецот е силно поврзан со тренерското место во клубот, кое многу наскоро може да биде испразнето. Се шпекулира дека Флорентино Перез дури и започнал преговори со него, иако неофицијално, а се чини дека деновите на Зинедин Зидан се изброени.

Причината зошто Специјалниот нема да го преземе мадридскиот тим е затоа што од соблекувалната не сакаат ниту да слушнат за него.

Челниците на тимот се силно против Мурињо да влезе во тимот и тоа во секој случај ќе го натера Флорентино Перез да побара друга опција, доколку е потребно.

Во Шпанија се вели дека при негативен резултат против Галатасарај, Зидан денеска ќе биде отпуштен од работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2019 23:38