Реизбраниот авганистански претседател Ашаф Гани денеска ја одложи планираната инаугурација до попладне, а неговиот ривал Абдулах Абдулах исто така ја одложи најавената заклетва.

И двајцата се сметаат за избрани претседатели по контроверзните избори во септември, ситуација што се заканува да прерасне во политички хаос само неколку дена откако САД и талибанците потпишаа договор за повлекување на меѓународните сили предводени од САД.

Одложувањето на церемонијата на двата ривали ќе им даде повеќе време на Гани и Абдула за да продолжат со повеќедневните преговори со американскиот специјален претставник Залмај Калилад, кој се обидува да ги натера двете политички табори да се договорат, изјави официјален претставник на Гани.

„Од синоќа водиме сериозни преговори со тимот на Абдула, кои се уште се во тек“, рече официјалниот претставник, барајќи анонимност затоа што не бил овластен да зборува со медиумите.

„Се надевам дека ќе постигнеме договор со тимот на Абдула“, додаде тој.

Официјален претставник изјави дека церемонијата на Гани е одложена за 13 часот, потврдувајќи го твитот од портпаролот на Гани, Седик Седики. Абдула претходно понуди да се одложи церемонијата ако Гани го стори истото како одговор на поканата на Калилзад, изјави портпаролот на Абдулах, Омид Маисам.

Авганистанската изборна комисија минатиот месец објави дека Гана ја задржал власта со победа на изборите на 28 септември. Сепак, долгогодишниот ривал Абдула одби да го потврди тоа и се прогласи за победник.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 12:00