Израелскиот опозициски лидер Бени Ганц изјави дека со десничарската партија на Авигдор Либерман договорил соработка заради формирање нова влада по минатонеделните предвремени парламентарни избори.

Либерман ја предводи малата партија „Нашиот дом Израел“.

– Разговаравме за суштински принципи и одлучивме дека ќе работиме заедно за да формираме влада која ќе го извлече Израел од политичкиот ќорсокак и да избегнеме четврта рунда избори, изјави центристот Ганц, лидер на опозициската „Сино и бело“.

Победник на предвремените избори беше Ликуд на Нетанјаху, но не освои доволно мнозинство во Парламентот за да може да формира влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 22:21