Неколку германски полицајци се повредени во текот на ноќта во улично насилство што избувна во градот Штутгарт, потврди утрово локалната полиција.

– Ситуацијата беше целосно надвор од контрола, рече портпаролот на полицијата. Не е јасно каква е позадината на немирите.

Учесниците во немирите ги гаѓаа полицајците со камењата со кои се поплочени улиците и разбиваа излози во центарот на градот.

Неколку групи излегоа на улиците на центарот на градот и насилството избувна околу полноќ, а полицијата објави дека во немирите биле вклучени неколку стотици лица..

Продавници се ограбени во областа Шлосплац и во соседната главна трговска улица Кунигштрасен.

Има повредени лица, вклучително и полицајци, а полицијата уапси неколку лица, но не соопшти колкумина се уапсени.

Полицијата побара помош од сите расположливи специјални сили на подрачјето на дражавата Баден – Вутемберг. По неколку часа ситуацијата е ставена под контрола, но во центарот на градот се уште има силни полициски сили.

И во претходните викенди имаше судири со полицијата во тоа подрачје, но со далеку помали размери.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2020 15:13