Борусија Дортмунд е подготвена да му понуди на играчот од средниот ред Џуд Белингам зголемување на платата за 150 отсто.

Според „Билд“, клубот на секој начин сака да го задржи 19-годишниот играч долго време. Се верува дека Реал Мадрид, Манчестер сити и Ливерпул се во „лов“ на англискиот фудбалер.

Актуелниот договор на играчот од средниот ред со германскиот клуб е до летото 2025 година.

Англичанецот оваа сезона забележа 34 настапи за Борусија Дортмунд, постигна 10 голови и шест асистенции.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 110 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 14:43