Романската фудбалска репрезентација својот следен натпревар на домашен терен ќе го игра без публика, откако УЕФА денеска ја казни поради однесувањето на нејзините навивачи за време на дуелот против Косово во квалификациите за ЕУРО2024.

Паралелно со ова, Фудбалската федерација на Романија е казнета и парично со 52.000 евра поради истакнување и скандирање политички пораки, расистичко однесување на навивачите, користење пиротехнички средства и блокирање на јавните приоди.

Натпреварот меѓу Романија и Косово беше одигран минатата недела во Букурешт и го одбележаа бројни инцидент на трибините.

Главниот судија го прекина натпреварот во 18 минута, откако романските навивачи истакнаа голем транспарент на кој пишуваше „Косово е Србија“.

По 45-минутен прекин натпреварот продолжи, а Романија на крајот забележа победа од 2-0



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2023 04:45