Дефанзивецот на Тотенхем, Ерик Даер може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува „Mirror“.

Според британскиот медиум, Рома го „брка“ 29-годишниот Англичанец. Тренерот на римскиот клуб, Жозе Мурињо сака да го види играчот во својот тим. Мурињо и Даер претходно работеа заедно во Тотенхем.

Минатата сезона Даер одигра 42 натпревари, постигнувајќи два гола и една асистенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2023 09:00