Најмалку четири лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во југоисточниот дел на Мароко, соопштија денеска властите.

Уште 14 лица се водат како исчезнати откако поплавите зафатија многу села во областа.

Локалните власти информираа и дека осум куќи биле уништени во селото Аукерда во провинцијата Тата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2024 05:09