Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Виена, протестирајќи против можноста екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) да биде дел од новата влада.

Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, додека полицијата не излезе со официјални бројки. Популистичката ФПО победи на изборите одржани во неделата со околу 29 проценти од гласовите.

Повеќето од останатите политички партии ја отфрлија можноста за коалиција со десничарите. Конзервативната Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер, изрази подготвеност за соработка, но под услов лидерот на ФПО, Херберт Кикл, да не презема никакви државни функции.

Демонстрантите поминаа низ центарот на градот и се собраа пред Парламентот носејќи транспаренти со натписи „Не во коалиција со нацистите“. На еден од плакатите Кикл е прикажан како марионета контролирана од рускиот претседател Владимир Путин, поради обвиненијата дека има проруски ставови.

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, денеска треба да започне разговори за формирање нова влада со сите политички лидери, почнувајќи со Кикл



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2024 18:44