Доналд Трамп, кандидат за претседател на САД од Републиканската партија, предизвика бурни реакции со својот предлог за обновување на Газа, коментирајќи ја ситуацијата на Блискиот Исток.
Трамп, зборувајќи со новинарите, изјави дека обновената Газа може да биде подобра од Монако и да претставува медитеранско засолниште за супербогатите.
- Газа може да биде подобра од Монако. Има најдобра локација на Блискиот Исток, најдобра вода и сè останато, изјави Трамп. Исто така, додаде дека во минатото, како човек заинтересиран за вложувања во недвижнини, престојувал во Газа.
Коментарите на Трамп за Газа беа споредувани со изјавите на неговиот зет, Џеред Кушнер, кој во март изјави дека гледа голем потенцијал во Газа.
- Имотите на бреговите на Газа би можеле да бидат многу вредни ако луѓето се фокусираат на градење. Ако размислиме за парите кои се трошат на тунелската мрежа на Хамас и муниција, а наместо тоа се инвестираат во образование или иновации, што сè би можело да се направи? - изјави Кушнер.