Еден припадник на Мировната мисија на Обединети нации во Либан (УНИФИЛ) е повреден од куршум за време на престрелка помеѓу израелската армија и Хезболах во јужниот дел на земјата.
- Синоќа припадник на мировните сили погоден е за време на размена на оган во текот на воена акција во близина на штабот на УНИФИЛ во Рас ал Накури. Но, сè уште не е утврдено потеклото на куршумот, се наведува во денешното соопштение на УНИФИЛ.
Во јужен Либан има распоредено околу 10.000 припадници на УНИФИЛ.
Претходните два дена во израелските напади врз јужен Либан повредени се четворица мировници од Индонезија и од Шри Ланка.
Израелската армија презеде одговорноста за ранување на четворица мировници, тврдејќи дека мета на нивните напади бил борците на Хезболах, кои биле во близина на позициите на силите на ОН во Либан.