Иранската управа за цивилно воздухопловство забрани пејџери и воки-токи во авионите што вршат цивилни летови.

- Забрането е внесување на какви било комуникациски уреди, со исклучок на телефони во авионите, истакна портпаролот на Иранската управа за цивилно воздухопловство, Џафар Јазерло.

Одлуката е донесена откако на 17 септември во Либан во исто време експлодираа пејџерите на припадници на Хезболах, при што загинаа десетици лица, а илјада беа повредени.

На почетокот од месецот најголемата авиокомпанија на Блиски Исток, „Емирати“ со седиште во Дубаи, исто така одлучи да ги забрани пејџерите и воки-токи во авионите



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2024 22:58