Маркус Рашфорд пропушти уште еден меч за Манчестер Јунајтед, а Рубен Аморим уште еднаш мораше да дава одговори за одлуката зошто го држи англискиот репрезентативец надвор од тимот.

Јунајтед загуби од Тотенхем во четвртфиналето на „Карабао купот“ и со тоа ја загуби шансата да го освои тој трофеј. Рашфорд не беше во можност да му помогне на тимот, а тоа повторно беше одлука на Рубен Аморим.

Тренерот на „црвените ѓаволи“ уште еднаш ја објасни одлуката.

-Чувствував дека ја направив вистинската работа за тимот. Не беше грешка. Мораме да направиме селекција. Играчите кои влегоа во игра го сменија текот на играта. Не беше грешка бидејќи работам за мојот тим најдобро што можам, изјави Аморим.

Јунајтед не е во добра ситуација, а на клубот не му помагаат ниту настаните околу Маркус Рашфорд.

Англискиот репрезентативец е незадоволен и најави заминување од клубот



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 22:50