Пратеничката Даниела Маркоска и СДСМ требаше да одржуваат прес-конференции кога нивниот градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Наумоски со општински пари купуваше купишта алкохол, од ракии и уза до вина и пива, а општината ја оставија со долг од четири милиони евра.
Две лица се повредени, од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
Откако деновиве се спроведоа повеќе акции за чистење на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје, со цел одржување на хигиената, сакаме да ги известиме граѓаните и нашите корисници, дека денес се спроведе акција за расчистување на снегот од истите.
За нападот на полициската станица во 2001 година одговорноста ја презеде ткн. Ослободителна народна армија (ОНА) по што започнаа повеќе оружени напади врз државните безбедносни сили
Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети во одговор на новинарско прашање посочи дека во општината се уште има дивоградби и оти продолжуваат со нивно рушење. Тој не наведе колкава е бројката на дивоградбите, бидејќи, како што рече, уште не ги решиле сите актуелни барања за легализација
По посетата на вработените и просториите на единицата „Комунална хигиена“ во ЈКП Тетово, градоначалникот Биљал Касами вети дека наместо простории со кал, ќе добијат подобри услови за работа, како и повисоки плати
Општина Тетово информира дека како институција ќе работи и ќе биде отворена за граѓаните во работните денови од 7:30 до 16:30 часот
На патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан попладнево, поради врнежи од снег, е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила
Дебитантската стихозбирка „Ноќни усменија“ од поетесата Мариета Дукиќ вечерва ќе биде промовирана во Струмица. Настанот е планиран како поетски слики со Мариета и пријателите, а на него ќе се читаат и ќе се разговара за стиховите на поетесата
Труд, ентузијазам и посветеност на младите го одбележа проектот „Здружено за поздрава животна средина“ во кој средношколци и претставници на граѓански организации изминативе две години заеднички работеа на иницијативи за решавање на локални еколошки проблеми