Поради трагедијата и согласно одлуката на Владата за тридневна жалост, Општина Струга соопшти дека ги прекинува сите престојни активности и манифестации.
Регионален саем на социјални претпријатија од североисточниот регион се одржа денеска во организација на регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија Куманово во рамки на проектот „Поддршка на социјални претпријатија“ во занаетчискиот дом Куманово
Ирена Стерјоска Локвенец е назначена за заменик-градоначалничка на Пирлеп. На Локвенец решението и го врачи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Ирена Стерјоска Локвенец ќе го заменува градоначалникот кога е тој спречен или е отсутен
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар
Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“ од член 291 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Гостивар
Со изразување сочувство до семејствата на загинататите во автобуската несреќа во Бугарија, во која настрадаа македонски државјани, градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски денеска ги прими претставниците на Операција Флоријан, кои за потребите на Територијалната противпожарна единица донираа возило за интервенции при сообраќајни незгоди и друг вид катастрофи
Поради прогласената тридневна жалост по тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава, од Македонски народен театар (МНТ) соопштија дека премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември се откажуваат
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска во својот кабинет оствари средба со претставници од КУД „Китка” од Драчево, на која раководството му ја презентираше својата планирана програма. Ѓорѓиевски истакна дека анамблот опстојува со децении и е едно од заштитните обележја на општина Кисела Вода
Иако има од 30 до 40 прегледи во амбулантата на Ковид центарот во тетовската болница овие неколку дена нема ниту еден човек на болничко лекување и ниеден нов прием на болно лице. Изминативе 24 часа имало 32 прегледи
Сите редовни студенти од општина Кочани, запишани на државните универзитети, ќе можат да аплицираат за стипендија од Локалната самоуправа преку дигиталната интерактивна платформа „мЗаедница“